Дома Трансфер зона Каков е планот на Наполи? Не го дава Елмас, а договори нов играч на неговата позиција!

Каков е планот на Наполи? Не го дава Елмас, а договори нов играч на неговата позиција!

Ситуацијата на Елиф Елмас во Наполи како да станува комплицирана, Наполи не сака да го пушти и одбива понуди вредни и 30 милиони евра, но од друга страна сака да доведе фудбалер на неговата позиција.

Во првите две кола Елмас кај Руди Гарсија добиваше само по 10-15 минути, па со доведувањето на нов фудбалер конкуренција би била уште поголема.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според најавите Наполи го договорил трансферот на Јеспер Линдстром, данскиот фудбалер кој го носи дресот на Ајнтрахт.

Линдстром е 23-годишен фудбалер кој минатата година одигра 27 натпревари во Бундеслигата за Ајнтрахт. Наполи за неговата позајмица ќе плати пет милиони евра, меѓутоа во договорот ќе има и задолжителна клазула за откуп наредното лето за дополнителни 20 милиони евра.

Засега не е познато дали кога трансферот на Линдстром ќе се официјализира, Елмас би добил слобода да бара нова средина каде што би имал поголема минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…