Дома Фудбал Каков БЛАМ: Вест Хем и Билиќ го допраа дното (Видео)

Каков БЛАМ: Вест Хем и Билиќ го допраа дното (Видео)

Фудбалееите на Вест Хем запишаа уште еден пораз во рамки на деветтото коло од Премиер лигата.

Избраниците на Славен Билиќ беа поразени и петти пат оваа сезона, на свој терен, но овојпат од екипата на Брајтон со 0:3.

Поведоа гостите преку Мареј во 10. минута, на фантастична асистенција на Паскал Грос.

Брајтон во последните моменти од првиот дел го зголеми водството преку Изкердо, кој впрочем го запиша својот прв гол во Премиер лигата и во дресот на Брајтон.

Последниот погодок беше јасен веќе во 75. минута, кога Брајтон изнуди пенал, па Мареј беше сигурен и го запиша конечниот резултат на мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…