Францускиот прволигаш Бордо би требало наскоро да добие нови сопственици. Америкаснката иневстициска компанија GACP им понуди на моменталните сопственици 72 милиони евра за да го добие контролниот пакет акции.
Притоа, во понудата стои дека новите сопственици ќе мора додатно да инестираат уште 80 милиони евра во клупската инфраструктура.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бордо моментално се наоѓа на средината на табелата во француското првенство, но со големи финансиски проблеми. Овој клуб најголеми успеси бележеше во осумдесетите години на минатиот век кога за „жирондинците“ играа Дитер Милер, Клаус Алофс или Мани Калц.
Бордо најголемиот успех во Европа го направи во 1996 година кога играше финале на УЕФА Купот, а во составот ги имаше големите ѕвезди Зинедин Зидан и Жан Тигана.
Последен пат Бордо беше шампио во Франција во 2009 година предводен од Лоран Блан од клупата и од Гуркуф на теренот.