Дома Фудбал Италија Каква форма: СПАЛ за месец ипол во Серија А освои 19 бодови!

Каква форма: СПАЛ за месец ипол во Серија А освои 19 бодови!

Доколку се смета само вториот дел од сезоната, СПАЛ веројатно би бил кандидат за излез во Европа, вака екипата на Леонардо Семпличи може да ужива во овој момент со изборениот опстанок во Серија А.

СПАЛ вчера го демолираше Киево на „Бентегоди“ со 0:4 и со тоа овој тим ја потврди фантастичната форма во која се наоѓа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Семпличи во последниот месец ипол или подобро кажано на последните осум натпревари освои 19 од максимални 24 бода што учинок со кој ретко кој тим може да се пофали во овој момент.

Во натпреварот против Киево два гола после прекин постигна бразилскиот дефанзивец, додека во меѓувреме мрежата на Адриано Семпере ја погодуваа Флокари и Куртиќ.

СПАЛ после оваа одлична форма успеа да стигне до 10-тата позиција на табелата во италијанската Серија А.

Треба да се истакне дека СПАЛ пред неколку кола успеа да го победи и тимот на Јувентус кој и оваа година ќе стигне до шампионската круна во Италија, осма во низа.

Останува да видиме како СПАЛ бидејќи веќе има изборено опстанок како ќе игра наредната сезона, а ако успеат да стартуваат со ваква форма нема соменвање дека би биле во борба за излез во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Собирачите на сликички разочарани: Албумот за ЕП 2024 е големо фијаско, Англичаните најбурно реагираат!

Како што е познато подолго време, италијанскиот „Панини“ нема да го произведува популарнио…