Бразилецот очигледно добил понуда која не се одбива.
Бразилскиот офанзивец, Андресон Талиска наредните шест месеци ќе ги помина на позајмица во кинескиот Гвангжу Евергранде. Оваа вест официјално ја потврди кинескиот клуб на својот официјален Твитер профил.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Одлуката фудбалерот кој минатата сезона ја помина Бенфика може да се смета за чудна со оглед на тоа што голем интерес за него покажуваше и Манчестер Јунајтед, но и уште неколку европски клубови.
Единствено објаснување зошто Талиска ја избра Кина, пред Манчестер Јунајтед може да се пронајде во заработката.
Талиска има договор со Бенфика до 2020 година, а ова ќе биде втора сезона во низа да биде позајмен, откако сезоната која е зад нас ја помина во труски Бешикташ.
Бразилецот минатата сезона одигра 47 натпревари за турскиот гигант, постигна 20 погодоци и запиша осум асистенции. Во Гвангажу ќе соработува со Фабио Канаваро кој е тренер на овој клуб.