Суперталентираниот шпански фудбалер, Педри пристигна во Барселона од Лас Палмас во 2019 година.
Меѓутоа, Педри пред да се пресели на „Камп Ноу“ бил блиску до трансфер во Серија А.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тогашниот директор на Лас Палмас, Роко Мајорињо му го предложил талентот на Милан и Интер за 4 милиони евра.
Меѓутоа, миланските клубови одбиле да го донесат Педри во своите редови, па Барселона ја искористи шансата и не зажали.
Педри на „Камп Ноу“ се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа и сигурно е иднина на Барселона.
Неодамна во продолжи договорот со Каталинците и во договорот има откупна клаузула од 1 милијарда евра.