Големата ѕвезда на светскиот фудбал, Рикардо Кака ќе започне да „стажира“ во Милан од утре, клубот каде ја стекна својата најголема слава.
Бившиот играч на Милан и освојувач на „Златна топка“ ќе се посвети на учење на директорската функција во голем клуб како Милан, пренесува „Газета дело Спорт“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Бразилецот ќе добие своја канцеларија во Милан и ќе работи заедно со Леонардо и Малдини во следните неколку месеци.
„Треба да се научам како функционираат работите во фудбалот како директор. Во иднина сакам да бидам спортски директор и спремен сум да учам“, изјави Кака.
Kakà è in arrivo a Milano Sarà “stagista” in rossonero https://t.co/aQwu1hJ2xS pic.twitter.com/GRvsF3GpXJ
— SangBara (@SangBara) August 28, 2018