Играчот за врска на Арсенал, Санти Казорла би можел на крајот на сезоната да се врати во својот матичен клуб Виљареал.
Казорла конечно се опорави од повредата после 18 месеци и дури 11 операции. Шпанецот имаше повреда на тетивата, а во прашање беше доведена и неговата кариера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Казорла пред два дена се врати да тренира со остатокот од тимот, но Венгер изјави дека најверојатно нема да се врати на терените до крајот на сезоната.
Договорот на Казорла со „топџиите“ истекува ова лето и тој е слободен да си бара нов клуб, а шпанските медиуми пренсуваат дека би можел да се врати во Виљареал.
Тоа е клуб каде Казорла ја започна кариерата и играше се до 2011 година, кога се пресели во Малага, а потоа во Арсенал.
„АС“ пренесува дека раководството на Виљареал стапило во контакт со неговите агенти и сакаат да му понудат едногодишен договор.