Дома Фудбал Италија Казнет судијата кој правеше „циркус“ на мечот Фиорентина – Интер!

Казнет судијата кој правеше „циркус“ на мечот Фиорентина – Интер!

Судиската комора на Италијанската федерација го казни судијата Розарио Абисо со суспензија од три меча после грешките кои ги направи на мечот Фиорентина – Интер.

Абисо го навлече гневот на „нероаѕурите“ откако досуди пенал за Фиорентина во последната минута од судиското продолжение.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Иако го користеше ВАР при донесување на одлуката, сепак таа во најмала рака беше контроверзна, бидејќи изгледа дека Дамброзио играше со гради, а не со рака.

Таа негова одлука крена голема прашина на Апенините и „нероаѕурите“ гласно се жалеа дека се оштетени, иако подоцна беше утврдено дека и Фиорентина била оштетена со одлуките на Абисо.

Имено, се покажа дека голот на Интер бил нерегуларен бидејќи Весино беше во офсајд, а судијата не побара консултација со ВАР и го призна голот.

Абисо ќе биде суспендиран во наредните три натпревари, односно нема да суди до 24 март. Притоа, нема да суди на натпревари од Интер до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…