Иако се уште нема потпишано договор, Лео Меси одлучи кариерата да ја продолжи далеку од Европа, поточно во американската МЛС, откако и самиот призна дека се договорил со Интер Мајами.
Меси пред неколку дена призна дека кариерата ќе ја продолжи во МЛС. Тој ќе игра за тимот на Интер Мајами, кој инаку е последен на табелата во неговата конференција.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Судејќи по коментарот на Серхио Агуеро, тоа не го боли премногу Меси, кој само почна да се смее, што доволно кажува дека повеќе не се грижи за сериозниот фудбал.
Му кажав дека тимот заостанува и ние треба да стигнеме до осмото место за да стигнеме до плеј-офот, и сето тоа му беше смешно“, изјави Агуеро.
Инаку, Интер Мајами во саботата одигра нов натпревар и повторно доживеа кикс бидејќи го забележа шестиот последователен пораз во МЛС.