Дома Фудбал Италија Каде исчезна најголемиот италијански талент?

Каде исчезна најголемиот италијански талент?

berardi

Доменико Берарди, не така одамна важеше за еден од најголемите фудбалски таленти во Европа.

Пред само две години, 21 годишниот Италијанец, правеше чуда на фудбалските терени во Серија А. Го привлекуваше вниманието на публиката на секој натпревар и беше најавуван како „Тhe next big thing“ на Калчото.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Берарди денес и понатаму настапува за Сасуоло, а по малку неверојатно звучи фактот дека само на 22 години стана најдобриот стрелец во историјата на клубот. Но, за жал неговите настапи од минатите сезони никако да ги повтори.

Причината е јасна, Берарди во претходните две години имаше големи проблеми со повредите. Дали за тоа е виновен цврстиот италијански фудбал или слабата физичка градба на Берарди, или пак лошиот медицински третман? Тоа веројатно е прашање на кое тешко ќе го дознаеме одговорот.

На место бројни голови и асистенции, Берарди во последните две сезони запиша низ разни повреди. Се започна со истегнувањето на предната ложа, која на почетокот изгледаше како лесна повреда. Но, токму таа „лесна“ повреда подоцна доведе до тешка повреда на коленото.

После повредата на коленото следеше долга пауза од дури 133 дена. Берарди на почетокот на оваа сезона се очекуваше да биде целосно спремен, но потоа следуваше нов проблем.

Кај младиот фудбалер необјасниво се јавија нови болки во стапалото. Кога успеа да ги реши проблемите со стапалото, повторно се врати неговата стара „болка’, коленото и повторно мораше да паузира. Датумот на неговото враќање сеуште не е познат.

Да потсетиме, Берарди пред само две години во 2015 година беше добитник на наградата“, која се доделува на најдобриот млад играч во Европа.

Ќе биде ли Берарди уште еден фудбалер во низата фудбалери на кои повредите им ја уништиле кариерата или пак ќе успее да се издигне како „феникс“ и да се врати посилен од било кога? Во прашање е преголема енигма на која само времето ќе го даде одговорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…