Дома Фудбал Останато Каде би можел Анчелоти? – Ова се можните ПЕТ опции!

Каде би можел Анчелоти? – Ова се можните ПЕТ опции!

anceloti

Комбинации има многу, едно е сигурно, најдобрите денови во кариерата веќе се зад него. Дали е време да ја исполни својата желба и да ја заокружи кариерата?

Карло Анчеоти е минато на Баерн и јасно е дека сега ќе се редат шпекулации околу неговата иднина.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанецот сигурно е најголемото тренерско име кое ќе биде слободно и тој може да бира. Анчелоти пред неколку денови ги демантираше информациите дека се договорил со кинеските клубови, па ако ја одземеме Азија ова се петте можни наредни дестинации на искусниот стретег.

Милан

Јасно е ако сака ќе биде тренер на „росонерите“. Тоа во овој момент повеќе зависи од него отколку од клубот. Монтела практично е пред отказ, а ако го добие клупата ќе му биде понудена на Анчелоти. Но прашање е дали Карло ќе прифати, тој е тренер кој сака веднаш да се бори за трофеи, а Милан тоа веројатно во овие моменти не може да му го понуди. Во Милано би требало токму тој да го склопи тимот во кој пристигнаа големи засилувања во текот на летото, па потоа да размислува за нешто повеќе.

Репрезентација на Италија

Ова би бил идеален крај, но доколку ја превземе Италија тоа ќе се случи после Мундијалот. Имено, Вентура доби продолжување на договорот, но тоа ништо не значи, во случај да не успее да се пласира на Мундијалот или пак не направи забележителен резултат. Како и да е во овој момент, доколку го сака ова ќе мора да остане некое време без работа.

Рома

„Волчицата“ би можела да биде една од неговите желби, тоа е клуб во кој помина еден дел од својата играчка кариера. Но, ниту оваа опција не е реална бидејќи Рома е на почеток на нов проект, а на Ди Франческо одлично му оди, барем засега. Американските сопственици на клубот од Рим би можеле да тргнат по Анчелоти само во случај доколку Ди Франческо започне да забележува лоши резултати.

ПСЖ

Ова не е далеку, доколку Унаи Емери не си ја исполни задачата. Прво, Анчелоти е тренер кој сигурно би имал авторитет да ги смири работите во соблекувалната, но го има и најважното, она што ПСЖ го бара, тој е специјалист за Лигата на шампионите. Сега во Баерн не го покажа тоа, но неговите рекорди говорат сами за себе

Премиер лига

Тука веројатно се најдобрите тренери во светот и Анчелоти со задоволство би се вратил, јасно е само на клупата на некој амбициозен клуб. Веднаш се споменува Евертон, каде што на Куман му „гори“ под нозете, кога во прашање се најдобрите шест клуба, тука се мали шансите. Вест Хем сигурно би го посакувал, тоа е клуб кој во овој момент има пари, но тешко дека Анчелоти би ја прифатил нивната понуда.

Најверојатно Анчелоти ќе почека некаде од споменатите опции да се отвори шанса. Во Баерн не супеал, во Реал во втората сезона остана без трофеј, па веројатно неговата кариера се наближува кон крајот и можеби е време да се врати во татковината или пак да почека и да ја заокружи големата кариера како селектор на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во плеј-офот на НБА, откако во плеј-инот го совладаа…