Со пласманот на завршниот турнир Монпеље го направи најголемото изненадување во Лигата на шампиони, а францускиот состав е и првиот противник на Вардар во Келн.

“Дојдовме во Келн со желба за триумф, последниот натпревар во домашното првенство против Сан Рафаел е заборавена бидејќи едноставно немаме време да размислуваме за тоа што веќе се случило. Гледаме само напред, имаме еден викенд да одиграме најдобро што можеме и да стигнеме до трофејот. Ако сакаме да го победиме Вардар мораме да играме како тим. Поединци го решаваат натпреварот на крајот, но ако сакаш да триумфираш мораш да покажеш тимски дух. Таков беше случајот со Вардар на минатогодишниот Фајнал фор и токму затоа на крајот заслужено стигна до титулата”, рече Вид Кавтичник.

Словенечкиот репрезентативец во дресот на Монпеље потенцира дека македонскиот првак игра извонредно во дефанзивата и дека ќе биде многу тешко да се стигне до посакуваниот успех.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


“Вардар има фантастична одбрана на чело со Арпад Штербик. Играат три различни типа на одбрана и навистина е тешко да се игра против нив. Според мене ако сакаме да победиме мораме да постигнеме многу голови ако тоа не се случи тогаш ќе ни биде многу тешко. Ни треба многу среќа бидејќи тоа ќе биде уште еден значаен фактор кој може да го реши победникот”, заврши Кавтичник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…