Дома Фудбал Кавани стана рекордер и потврди: Останувам во ПСЖ!

Кавани стана рекордер и потврди: Останувам во ПСЖ!

Едисон Кавани синоќа со златни букви го запиша своето име во историјата на францускиот клуб, Пари Сент Жермен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


31-годишниот напаѓач постигна два гола на мечот со Гингамп и со тоа стана најдобар стрелец на „светците“ во француското првенство.

Кавани веќе има 115 гола во елитата и го надмина претходниот рекордер Златан Ибрахимовиќ, кој за периодот 2012-16 година реализираше 113 гола за ПСЖ во шампионатот.

„Се чувствувам како дома во ПСЖ, и не размислувам за заминување. Не сум кажал ниту дека иднината ми зависи од клубот. Имам актуелен договор и сакам да го испочитувам. Што се однесува до мене, веќе размислувам за идните предизвици со овој тим“, изјави Кавани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Босанец направи трансфер во Премиер лигата за 35 милиони евра!

Босанскиот фудбалски репрезентативец Амар Дедиќ ја продолжува својата кариера во Њукасл. К…