Дома Трансфер зона Кавани може да го напушти ПСЖ и да стане дел од „пеколно“ трио

Кавани може да го напушти ПСЖ и да стане дел од „пеколно“ трио

Напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани би можел да ги напушти редовите на Францускиот шампион.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Француските медиуми неодамна пишуваа за соработката или подобро кажано несоработката на Мбапе и Нејмар со Едисон Кавани,(тука)  тоа би можело да придонесе за заминување на Уругваецот.

Кавани и претходно се поврзуваше со заминување од Париз, а сега за негова потенцијална наредна дестинација се споменува Пример и тоа Атлетико Мадрид.

Наводно, екипата од Мадрид покажала сериозен интерес да го доведе во своите редови и да формира страшен напад вклучувајќи ги Антоан Гризман и Диего Коста.

Договорот на Кавани со ПСЖ има важност до 2020 година, а досега за клубот од престолнината на Франција постигна 173 погодоци на 233 настапи.

Дополнителна причина поради која медиумите наведуваат дека ПСЖ би можел да го продаде Кавани е финасискиот фер плеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…