Дома Фудбал Останато Кавани за Манчестер Јунајтед ќе дебитира против – ПСЖ!

Кавани за Манчестер Јунајтед ќе дебитира против – ПСЖ!

Едисон Кавани потпиша за Манчестер Јунајтед, но фановите ќе почекаат да го видат на дело. Иако првиот натпревар после репрезентативната пауза е закажан за 17. октомври на „Сент Џејмс Парк“, Уругваецот веројатно ќе го пропушти гостувањето кај Њукасл.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Причината затоа што нема да настапи во овој натпревар е што тој ќе мора да помине 14 дена во карантин што е мерка против борбата со пандемијата. Откако му истече договорот Кавани не тренираше со екипата чиј првотимици редовно се тестираа, па системот како што објавија медиумите не го препознава како елитен спортист за кои важат посебни правила во однос на обичниот граѓанин.

Освен тоа летниот одмор го помина на Ибица, слободно се шеташе и комуницираше со луѓе, па властите во Велика Британија прво мораат да се уверат дека нема опасност. Поради ваквата ситуација и неговите медицински прегледи беа направени во посебни услови.

Ова значи дека ако се биде во ред Кавани за Јунајтед ќе може да дебитира против ПСЖ на 20. октомври во рамките од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трансфер бомба: Баерн преговара со Хрват!

Баерн го потврди освојувањето на титулата во Бундеслигата со убедлива победа над Келн со р…