Дома Фудбал Англија Кавани го напушта Јунајтед, познато каде ќе ја продолжи кариерата

Кавани го напушта Јунајтед, познато каде ќе ја продолжи кариерата

Искусниот уругвајски напаѓач Единсон Кавани по крајот на сезоната ќе ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот напаѓач на Палермо, Наполи и ПСЖ одлично се снајде во Јунајтед, кој летоска го донесе во своите редови да и помогне на екипата за што подобар пласман во ПЛ.

Вкупно настапи на 18 лигашки натпревари и постигна шест погодоци и две асистенции. Има договор до крајот на сезона и како слободен играч може да го напушти клубот.

Според медиумите во Аргентина, од следното лето ќе биде член на славната Бока Јуниорс. Треба да добие помеѓу 4.5 и 5 милиони евра за наредните три сезони.

За Ел Матадор тоа би било прво искуство во аргентинскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…