Кабиб Нурмагомедов и понатаму е во центарот на светската јавноста, а овој пат испрати порака до својот противник Конор Мекгрегор.
Дагестанецот пред неколку недели го победи Мекгрегор и така го одбрани појасот во лесна категорија во УФЦ, но нивната борба ќе остане запаметена по скандалот во кој Кабиб го прескокна кафезот. Страстите сега малку се смирија, а таткото на Нурмагомедов го повика Мекгрегор да им биде гостин на турнирот во Дагестан кој се одржува во декември.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ова го потврди и Кабиб кој порача дека би сакал Мекгрегор да дојде во Дагестан и да биде негов гостин. Сепак, не ја пропушти шансата и да испрати мала провокација до Ирецот.
„Ние мораме да ги дочекаме гостите најдобро што можеме, за нас тоа е нешто свето и Дагестан е познат по тоа. Ако Конор дојде сигурно ќе биде дочекан на најдобар начин. Нашите гости никогаш не се гладни, сити се и облечени. Можеби ќе му ја покажам и нашата сала за борење, може и нешто да го научам, бидејќи очигледно не знае да се бори“, порача Кабиб.