Дома Останати Кабиб испрати отворено писмо до УФЦ – се закани со заминување!

Кабиб испрати отворено писмо до УФЦ – се закани со заминување!

khabib

Шампионот во лесна категорија во УФЦ, Кабиб Нурмагомедов испрати отворено писмо до раководството на оваа организација на чело со Ден Вајт.

Вајт после хаосот кој се случи во Лас Вегас во борбата помеѓу Кабиб и Конор најави отказ за луѓето од тимот на Кабиб, поради нападот врз Ирецот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меѓутоа денес Нурмагомедов отворено порача дека нема да се откаже од својот брат на кого му беше откажан мечот и дека УФЦ може да заборави на давање отказ на Зубаир Тукхогву кој го удри Мекгрегор.

Кабиб се закани со заминување од УФЦ ако тоа се случи.

„Зошто не отпуштвите никој од нивниот тим кога го беше нападнат автобусот и беа повредени неколку луѓе? Можеше некој сериозно да настрада. Зошто никој ништо не зборува за навредите на мојата земја, религијата, нацијата, семејството? Зошто го казнувате само мојот тим, кога и двата тима учествуваа во тепачката. Ако кажете дека јас сум започнал, не се сложувам со тоа. Јас го завршив она што беше започнато“.

„Ако морате некого да казните, казнете ме мене. Зубаир нема ништо со тоа. Ако мислите дека ќе молчам, се излажавте. Го откажавте мечот на Зубаир и сакате да го отпуштите зошто го удрил Конор. Не заборавјте дека Конор прв го нападна мојот брат, доволно е само да го погледнете видеото. Ако го отпуштите, ме губите и мене. Ние во Русија не се откажуваме од своите браќа и јас за мојот брат ќе одам до крај. Ако сепак одлучите да го отпуштите, испратете ми раскинување на договорот“, напиша Кабиб и додаде.

„Уште една работа. Можете да ги задржите парите кои ми ги земавте. Очигледно сте зафатени со тоа и се надевам дека не ви се премногу. Ние само ја браневме својата чест и тоа е најважно. Ние одиме до крај“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…