Изгледа дека Ливерпул и Манчестер Сити ќе водат борба за шампионскиот пехар во Премиер лигата до самиот крај.
Често пати во медиумите се појавуваат изјави за тоа кој би можел да биде новиот шампион на Англија, а свој прогноза имал и легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон. Прогнозата на Фергусон ја откри поранешниот репрезентативец на Република Ирска кој за „Мирор“ зборуваше за актуелната ситуација на табелата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Волтерс го спомена Фил Барсли со кого играше заедно во Барнли.
„Разговарав со Барсли, а тој разговарал со Фергусон. Фергусон мисли дека Ливерул на крајот ќе биде шампион“, изјави Волтерс.
Мислењето на човек каков што е Фергусон секако дека е ценето и дека ќе ги израдува навивачите на Ливерпул.
Ќе потсетиме, Вејн Руни кој долго играше под водство на Фергусон во Манчестер Јунајтед пред неколку недели даде изјава во која порача дека тој сака Манчестер Сити да биде нов шампион.
„Искрено се надевам дека Манчестер Сити ќе стигне до шампионската титула. Воопшто не би ми било пријатно да гледам како навивачите на Ливерпул слават, тоа за мене е најлош кошмар. Во 2005 година ја освоија Лигата на шампионите и се уште зборуваат за тоа. Ако ја освојат Премиер лигата нема да престанат да зборуваат идните 15 години, тоа ќе биде неподносливо“, гласеше изјавата на Руни.