Мауро Икарди дефинитивно денес имаше ден за заборав.
Аргентинскиот напаѓач, не можеме да кажеме веќе капитен на Интер во еден ден ја изгуби капитенската лента и не доби место во тимот за натпреварот против Рапид Виена во Лигата на Европа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега се појавуваат нови информации за овие случувања.
И ако се одлучивте да претпоставувате и да погодувате веројатно немаше да промашите кој е виновен за се што се случи.
Виновна е – Ванда Нара!
Ванда Нара веќе долго време зборува и што треба и што не треба во јавноста поврзано со договрот на нејзиниот сопруг.
Неколку пати во јавноста Ванда одлучи да зборува за новиот договор на Интер го правеше тоа во една италијанска тв емисија, изјави за новинарите, па и објави на друштвените мрежи.
Последното нејзинот огласување на тема „договорот на Икарди“ беше пред неколку дена кога порача дека никогаш не кажале дека ќе потпишат договор со Интер и дека работата не е завршена.
Токму ваквото однесување на Ванда било причина за Икарди денес да го има најлошиот ден од кога е во Милано.
Имено, новиот спортски директор на Интер, Џузепе Марота разговарал со Икарди и јасно му ставил до знаење дека неговата девојка и агент не смее да зборува за случувањата во клубот каде што ќе стигне.
Очигледно Ванда не успеа да си ја држи устата затворена, па освен тоа што наведовме го обвини Интер дека не го штити доволно Икарди.
Според информациите од „Чизмата“ спортскиот директор на „нероаѕурите“ таквите зборови на Ванда ги сфатил како „оцрнување“ на имиџот на клубот, па Икарди добил казна.