Дома Фудбал И на Милан му се заканува казна од УЕФА

И на Милан му се заканува казна од УЕФА

Утрово англиските медиуми пренесоа дека на Манчестер Сити му се заканува жестока казна од УЕФА, но „граѓаните“ веројатно нема да бидат единствениот клуб кој ќе се соочи со санкции.

Наводно, нешто слично му се заканува и на Милан против кого е почната истрага поради кршењето на Финансискиот фер-плеј од 2014 до 2017 година, пренесуваат италијанските медиуми.

Сепак, за разлика од Сити на кој му се заканува исфрлување од Лигата на шампиони за наредната сезона, Милан ќе треба да се соочи со висока парична казна.

Ако се потврди дека Милан во споменатиот период правел нешто што не е во рамки на правилата, УЕФА сигурно ќе ги казни „росонерите“.

Милан сезонава игра солидно во Серија А, па во моментов е на четврта позиција и има шанса по долго време да се врати во Лигата на шампиони наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…