Дома Фудбал И мега-скандал би бил недоволен опис: 163 натпревари на Бенфика под истрага!

И мега-скандал би бил недоволен опис: 163 натпревари на Бенфика под истрага!

Скандал во Португалија, според најновите информации на медиумот од оваа земја „Експрес“ обвинителството истражува дури 163 натпревари на Бенфика!

Поточно под истрага се сите натпревари од сезоната 2013/2014, па се до март оваа година.

Споменатиот медиум наведува дека е собрано доволно документиација откако обвинителството своеврмено добило анонимен повик за наводни чудни случувања.

Од Бенфика немаа што да кажат и само кратко порачаа дека сите натпревари се „чисти“.

Да потсетиме, во овој период „орлите“ освоија и четири титули, па секако дека ако се открие дека имало „нечисти“ работи во барем дел од нив би било огромен скандал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома сака засилување од Челзи, Мален може да биде клучот за Гитенс

Џејми Гитенс е меѓу јануарските желби на Рома, која разгледува позајмица со можност за отк…