Дома Фудбал И Лев најави: Германија со Хумелс и Милер против Македонија

И Лев најави: Германија со Хумелс и Милер против Македонија

Во германските медиуми веќе се најавуваше, но сега и Лев потврди Томас Милер може да биде вратен во репрезентацијата за натпреварите на Германците во март.

Покрај него Лев истакна дека може да се врати и Матс Хумелс. Во март Германија ќе игра против нас и против Романија.

Пред две години Лев јавно соопшти дека Хумелс и Милер повеќе нема да бидат дел од неговите планови во репрезентацијата. Сепак, наводно проблемите со недостаток на искуство во репрезентацијата го натерале да го промени мислењето.

Лев е под притисок на германската јавност и лош настап на Германија на Европското првенство би можел да значи негов отказ.

Германија и Македнија ќе играат на 31. март во Дуизбург во рамките од квалификациите за Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо повторно во копачки на 46 години: Го чека место во првиот тим на Равена!

Бразилската легенда е најавена како стартер за дербито со Форли во Серија Ц. Пријателствот…