Бурни реакции во јавноста предизвика вчерашниот поништен гол на Лајпциг на почетокот на натпреварот против Реал Мадрид кој подоцна постигна гол и донесе победа за „кралевите“.
Голот на Шешко арбитрите го поништија поради офсајд позиција, меѓутоа во јавноста преовладува мислењето дека голот требало да важи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Такво мислење има и познатиот шпански судија, Матеу Лахоз, а со него интересно се согласи и актуелниот фудбалер на „кралевите“, Тони Крос.
„Го делам вашето мислење, мислам дека се досуди офсајд затоа што играчот на Лајпциг малку го турка Лунин.
Сепак, голманот немаше никако да стигне до топката и сметам дека затоа требаше да важи. Не може да се аргументира оваа позиција на поинаков начин“, изјави Крос во интервјуто за „Прајм видео Германија“.