Дома Фудбал И Клоп беше изненаден: Обично не е така лесно

И Клоп беше изненаден: Обично не е така лесно

Фудбалерите на Ливерпул синоќа го декласираа Порто со 5:0 во првиот натпревар од осминафиналето во ЛШ и скоро сигурно го обезбедија пласманот во следната фаза.

Црвените на Драгао одиграа одличен натпревар во кој скоро сигурно обезбедија пласман во четвртфиналето. После натпреварот изненаден беше и Јирген Клоп кој призна дека не очекувал така лесна и висока победа.

„Момците уживаа после натпреварот, одработија уште една одлична работа и тоа е најважно. Видов фантастична представа вечерва и ваков резултат е можен само ако се сите на високо ниво. Па, обично не е така лесно да се победи.“ – изјави Клоп, кој потоа одговори на прашањето како екипата ќе ја прослави победата.

„Ако мислите на алкохол треба да знаете дека тие не конзумираат. Ова е друга генерација. Може да останат малку повеќе будни, но сите се уморни и мислам дека доста добро ќе спијат.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо повторно во копачки на 46 години: Го чека место во првиот тим на Равена!

Бразилската легенда е најавена како стартер за дербито со Форли во Серија Ц. Пријателствот…