Дома Македонски спорт И Владата демантира: Омер Буњаку не е одговорен за македонските навивачи на Евро 2021!

И Владата демантира: Омер Буњаку не е одговорен за македонските навивачи на Евро 2021!

Денес се појави информација дека одговорен за македонските навивачи во Букурешт ќе биде Омер Буњак, кој е познат како водач на навивачката група на Шкупи и близок човек до Артан Груби. И ФФМ претходно демантираше, а сега со демант се огласи и Владата. (демантот на ФФМ можете да го погледнете тука)

Соопштението од Владата испратено до медиумите ви го пренесуваме во целост:


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наумче Мојсоски, директорот на Агенцијата за млади и спорт е единствениот координатор на Телото за поддршка на настапот на Македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство во фудбалВладата на Република Северна Македонија најостро ги демантира медиумските написи дека Омер Буњаку, член на Кабинетот на првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби е одговорен за македонските навивачи на претстојното фудбалско првенство Евро 2021.

Координатор на работното тело формирано од Владата и одговорен за поддршка при организацијата, комуникацијата и промоцијата на настапот на Македонската фудбалската репрезентација на Европското првенство во фудбал 2021 е директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски.

Мојсоски го води Владиното координативно тело составено од претставници на повеќе институции како Владата,  кабинетите на премиерот и првиот вицепремиер, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи, Министерството за здравство, Службата за заеднички работи при Владата, Градот Скопје, Националниот радиодифузен сервис, Медиумската информативна агенција, Олимпискиот комитет и други.

Владата ја информира јавноста дека Македонската репрезентација која ќе учествува на Европското првенство во фудбал ја има целата поддршка и Координативното тело работи во полн капацитет за да обезбеди поддршка на сите процеси поврзани со меѓународните односи, безбедноста и промоцијата на фудбалерите. Во рамки на телото не постои позиција “координатор за навивачи” и од тука Владата дава целосна поддршка на сите форми на организација, на навивачките групи, на Федерацијата и на сите чинители да дадат максимум во капацитет и содржина за највисоко меѓународно и домашно ниво на претставување на македонскиот фудбал.

Членовите на фудбалската репрезентација на Република Северна Македонија ја имаат поддршката од Владата, владините институции и од сите граѓани на нашата земја. Да им посакаме среќа на нашите спортски херои, кои докажаа дека умеат да дадат сѐ од себе и да нѐ обединат кога се радуваме на нивните успеси! 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…