Дома Македонски спорт ФФМ демантираше: Ова се лицата кои ќе бидат одговорни за навивачите!

ФФМ демантираше: Ова се лицата кои ќе бидат одговорни за навивачите!

Откако во јавноста се појавија информации за тоа кој може да биде дел од организаторите за македонските навивачи во Букурешт од Фудбалската Федерација на Македонија излегоа со демант и ги посочија лицата кои ќе бидат задолжени за организацијата.

ФФМ преку одделот за безбедност и интегритет оствари блиска комуникација со сите навивачки групи во државата кои изразија интерес да ја бодрат репрезентацијата на ЕП и согласно нивните барања и бројот на билети кој можеше да биде ставен на располагање, ФФМ обезбеди можност 200 навивачи организирано да патуваат во Романија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во оваа прилика јасно истакнуваме дека за време на патувањето, престојот и присуството на натпреварите во Букурешт, навивачите ќе бидат придружувани исклучиво од лица од одделот за безбедност и интегритет на ФФМ, Комисијата за безбедност при ФФМ и делегирани претставници од Министерството за внатрешни работи на Македонија. 

Роберт Марковиќ – раководител на оддел за безбедност и интегритет во ФФМ и Зоран Саздов – заменик претседател на Комисија за безбедност и одговорно лице за контакт со навивачите во УЕФА ќе бидат одговорни за сигурноста и безбедноста на вкупната бројка на поддржувачи на нашата репрезентација за време на патувањето и престојот на ЕП.

Истовремено, сакаме да упатиме известување до јавноста дека ФФМ нема остварено контакт, ниту дадено било каква одговорност кон други лица кои се посочуваат во јавноста во врска со било каква организација на навивачите за натпреварите од ЕП.

На крајот, информираме дека сме во постојана комуникација со УЕФА и властите во Романија околу евентуалното зголемување на бројот на навивачи на Националната арена во Букурешт, но до овој момент сеуште е на сила одлуката за најмногу 33% исполнетост од капацитетот на стадионот.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…