Дома Фудбал И Барселона има за што да жали за елиминацијата на Атлетико

И Барселона има за што да жали за елиминацијата на Атлетико

Вчера Атлетико Мадрид со нов пораз беше елиминиран од Челзи во Лигата на шампионите.

Атлетико Мадрид не успеа да ја надополни негативата од првиот натпревар и во вчерашниот дуел претрпе пораз од 2:0, така се прости од Лигата на шампионите за оваа сезона.

Од ваквиот исход причина да жали има и Барселона.

Имено, Барселона требаше да добие дополнителни два милиони евра за трансферот на Луис Суарез ако „јорганџиите“ се пласираа во четвртфиналето од елитното европско натпреварување.

Сепак, тоа не се случи, па клубот остана без таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прв европски гол за Алиоски во Лугано, Швајцарците со 3:0 на паузата

Езџан Алиоски погоди во 24. минута против Кауно Жалгирис и го запиша првиот европски погод…