Дома Фудбал Останато И Американците сакаат фудбал: Срушен рекордот во МЛС лигата!

И Американците сакаат фудбал: Срушен рекордот во МЛС лигата!

Фудбалот како што изгледа станува се повеќе популарен во САД, а ноќта помеѓу вторник и среда е срушен рекорд по број на гледачи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Градското дерби во МЛС лигата помеѓи Лос Анџелес Галакси и Лос Анџелес на стадионот „Роз Бул“ во Пасадена го следеле 82.110 гледачи со што беше срушен рекордот по посетеност за еден натпревар во МЛС лигата.

Дербито познато како „Ел Трафико“ предизвика голем интерес кај гледачите, на посетеноста секако влијаеше и што се играше на Денот на независноста (4-ти јули).

Претходниот рекорд 74.479 беше поставен на стадионот „Банк оф Америка“ во Шарлот на домашниот натпревар на Шарлот на 5-ти март 2022.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид нема право да се жали на судиски грешки, смета шефот на Ла Лига

Претседателот на шпанската Ла Лига Хавиер Тебас го коментираше одлуката на Реал Мадрид да …