Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, се искачи на подиумот по втората трка која денеска се возеше на Имола во рамки на ТЦР шампионатот, откако заврши на втората позиција.
По голема борба во самиот финиш и неколку излетувања на конкурентите кои беа пред него, Иџе Стефановски успеа од петтата позиција да дојде до место на подиумот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
По одличниот старт, Иџе возеше перфектно што му донесе пробив до третата позиција, која подоцна ја загуби од Редуци.
Подоцна, следеше санкција за второпласираниот возач, па на Иџе службено му припадна втората позиција.
За Иџе ова е втор подиум на „Имола“, по онаа победа во 2016 година. Воедно за него ова се први бодови сезонава, по две пропуштени трки поради затворени граници поради коронавирусот.