Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) започна истрага против хрватскиот селектор, Лино Червар и ракометарите поради се што се случуваше во финишот од натпреварот против Германија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Делгатот од натпреварот поднел пријава против тројца неименувани членови од таборот на Хрватите и против еден ракометар.
Случајот ќе биде разгледа од ИХФ и дисциплинската комисија на ова тело. Ќе се прегледуваат снимките и ќе биде утврдено дали од Хрватска имале право да критикуваат.
Сепак, она што е силен аргумент за да не бидат казнети Хрватите е вчерашната изјава на судијата Гединг кој во националната телевизија на Данска признава дека погрешил.