Дома Фудбал Италија преку пенали до финале, Мората од херој до трагичар

Италија преку пенали до финале, Мората од херој до трагичар

Италија е прв финалист на ЕУРО откако ја елиминира Шпанија после изведување на пенали.

Шпанија беше подобар противник во првиот дел и пропушти одлична шанса преку Олмо, додека Италија делуваше „анемично“ на теренот.

Меѓутоа Италија на стартот на второто полувреме дојде во водство со мајсторскиот гол на Киеза. Мората влезе во игра во второто полувреме и постигна гол во 80-та минута за израмнување и го однесе мечот во продолженија.

Во продолженијата двете репрезентации беа претпазливи и како да се чекаа пеналите, кои на крајот одлучија.

Донарума беше херој на Италијанците откако успеа да го одбрани ударот на Мората од белата точка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…