Колку и Роналдо да е во топ форма и да тврди дека години се само број, јасно е дека Португалецот се приближува кон крајот на кариерата.
Поради тоа Јувентус веќе се припрема за доведување на нова супер-ѕвезда, а италијанските медиуми тврдат дека „старата дама“ за тоа издвоила буџет од неверојатни 300 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Роналдо покрај квалитетот на теренот на Јувентус му донесе и огромни комерцијални придобивки, па „бјанконерите“ сакаат што по безболно да го поднесат раделувањето со Португалецот.
Веќе е направен список од неколку млади ѕвезди кои би можеле да пристигнат во Торино како замена за Кристиано Роналдо.
Први на слисокот желби се мега ѕвездите на ПСЖ, Нејмар и Килијан Мбапе чија цена во моментов е помеѓу 250 и 300 милиони евра.
Доколку не успеат да донесат една од овие ѕвезди, „бјанконерите“ ќе се насочат кон сонародникот на Роналдо, Жоао Феликс, кој ова лето се пресели во Атлетико Мадрид за 126 милиони евра.
Едно е сигурно, не очекува бурно лето на Апенините!