Готово е! Италија го заврши својот пат до Мундијалот и остана без него.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, по предноста која ја имаше Шведска на домашен терен од 1:0, вечерва на „Сан Сиро“ обете екипи одиграа меч без погодоци.
Иако за резултатската монотоност, можеби вината му се препиша во целост на главниот арбитар, Лахоз, сепак, Италија остана единствена со „поткусени ракави“.
„Аѕурите“ не успеаа да постигнат два погодоци колку што им беа потребни за пласман, па така, Италија овојпат останува со историски дебакл, и надеж за една нова генерација и нов циклус на квалификации, во кои, за жал помеѓу стативите ќе го нема легендарниот Џанлуиџи Буфон.