Дома Трансфер зона Италија добива нов одличен стопер: Интер одбил 50 милиони евра од Сити

Италија добива нов одличен стопер: Интер одбил 50 милиони евра од Сити

21 годишниот Алесандро Бастони овие денови е главна тема во италијанската фудбалска јавност бидејќи импресионираше со настапите за „Аѕурите“, иако првпат се најде на списокот на селекторот Роберто Манчини.

После добрите настапи Бастони Манчини го спореди со Леонардо Бонучи и Џорџо Киелини.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Бастони е млад и одигра три натпревари за 10 дена, на секој беше подобар од претходниот. Тој може многу да напредува, може да стане новиот Бонучи или Киелини. Има многу добри млади играчи, само мораме да ги пуштиме да играат“, изјави Манчини.

„Кориере дело Спорт“ денес пишува дека Интер и пред настапите за Италија верувал во Бастони, наводно „нероаѕурите“ одбиле 50 милиони евра од Манчестер Сити. Ќе потсетиме, Бастони во Интер пристигна во 2017 година од Аталанта за 31 милион евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…