Дома Трансфер зона Италијанските клубови се тепаат за „новиот Тевез“

Италијанските клубови се тепаат за „новиот Тевез“

Младиот 18-годишен фудбалер од Аргентина, Марсело Торес се наоѓа на радарот на најголемите италијански клубови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој фудбалер ги импресионираше европските клубови на првенството на Јужна Америка до 20 години каде постигна пет погодоци.

Торес може да игра како централен напаѓач, но и на крилните позиции, па поради тоа ова момче од Бока Јуниорс уште го нарекуваат и „новиот Тевез“.

Интерес за него покажуваат најголемите италијански клубови како Јувентус, Интер, Милан, но и Удинезе, Аталанта и Палермо.

Во неговиот договор со Бока Јуниорс има откупна клаузула од 9 милиони евра, но аргентинскиот клуб е спремен да го продаде за 5 милиони плус 20% од следната продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…