Белгискиот репрезентативец Муса Дембеле беше голема желба на италијанските клубови, но последните информации говорат дека ќе се пресели во Кина.
Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем ја прифатил понудата на неименуван кинески клуб од 30 милиони фунти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дембеле одби да го продолжи договорот со „спарси“ и сака да ја промени средината, а најсилен интерес за него покажаа италијанските клубови.
Јувентус, Интер и Наполи веќе имаа контакти со неговиот агент, меѓутоа понудата од Кина е многу побогата.
Тотенхем ја прифати понудата, па сега се чека одлуката на Дембеле, дали да се пресели во Кина или сака се уште да игра на врвно ниво во Европа.