Се шпекулираше дека Тами Абрахам ќе се пресели во Премиер лигата во редовите на Вест Хем, но според последните информации напаѓачот ќе го засили Милан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Медиумите во Италија пренесуваат дека Абрахам ги договорил сите услови со калчолигашот и наскоро ќе стави потпис на договор.
Летово Милан веќе го засили нападот со Алваро Мората, го има и Лука Јовиќ, но во таборот на „росонерите“ сметаат дека им е потребен уште еден напаѓач.
Сезоната Милан не ја започна најдобро и по две кола има еден бод.