Дома Фудбал Останато Италијанците жестоки: Играчот од 120 милиони исчезна, стана анонимус кој не прави ништо!

Италијанците жестоки: Играчот од 120 милиони исчезна, стана анонимус кој не прави ништо!

savic

Што се случува со Сергеј Милинковиќ Савиќ оваа сезона? Прашање на кое и навивачите на Лацио веројатно немаат одговор.

Настапите кои ги прикажува Србинот во првите 10 кола во Серија А и понатаму се предмет на дискусија кај фудбалските аналитичари на „чизмата“, а навивачите му испратија жестоки критики после натпреварот против Интер.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


И со право Савиќ е мета на критики, бидејќи во дербито против „нероаѕурите“ имаше само 57 додавања. Премалку за играч кој треба да биде носител и играч кој се проценуваше на 120 милиони евра.

Според сегашните настапи, наводно Савиќ вреди 62.5 милиони евра. Барем така тврдат италијанските медиуми повикувајќи се на алогоритам на центарот за спортски студии.

Савиќ не е ниту „бледа сенка“ на играчот од минатата сезона во која постигна 14 погодоци и запиша девет асистенции.

„Србинот стана анонимус кој повеќе не може да ја забрза играта и не влијае на тимот како минатата година. Едноставно исчезна“, напиша еден италијански новинар после вчерашниот натпревар на Лацио против Интер.

Што видовме од Савиќ оваа сезона?

Само еден гол и една асистенција, како и уште четири удари во рамките од голот – ПРЕМАЛКУ!

Покрај Савиќ критики доби и бразилецот Луис Алберто.

„Милинковиќ и Луис Алберто се лажни таленти кои само трчаат по пари“, пишуваше во пораката на навивачите на Лацио на почетокот на октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Битката за Манчестер: „Граѓаните“ во криза, ѓаволите никако да се разбудат

Денес во фокусот ќе биде големото дерби помеѓу градските ривали од Манчестер. „Граѓаните“ …