Дома Фудбал Италијанците долго чекаа на ваква сезона во Европа!

Италијанците долго чекаа на ваква сезона во Европа!

По подолго време италијанските клубови имаат одлична сезона во европските натпреварувања.

Интер и Милан веќе ги поминаа своите натпревари во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а треба да се случи чудо за Наполи да не биде помеѓу најдобрите по осум по денешниот реванш со Ајнтрахт.

Вчера Интер го преживеаа лудиот финиш во кој Порто погоди прво статива, па пречка и голот од Милано се покажа како одлучувачки.

И во Лигата на Европа Италијанците се на добар, Рома со 2:0 го совлада Реал Сосиедад, додека Јувентус со 1:0 беше подобар од Фрајбург, па се наоѓаат во добра позиција пред реваншите во четврток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Динамо со нов тренер во Англија: Леко бара пресврт против Сандерленд

По поразот од Рудеш и разделбата со Марио Ковачевиќ, Динамо гостува кај Сандерленд во Лига…