Дома Трансфер зона Италијанците веќе најавуваат: Еве како би изгледал Јувентус со Пирло

Италијанците веќе најавуваат: Еве како би изгледал Јувентус со Пирло

Jувентус пред неколку дена се одлучи да го отпушти Маурицио Сари и на изненадување на многумина за нов тренер беше назначен Андреа Пирло.

Сари во својата прва сезона успеа само да го освои Скудетото и очајниот резултат во Лигата на шампионите беше пресуден да добие отказ. Јувентус го отпушти Сари само еден ден по елиминацијата во осминафиналето за неколку часа подоцна да го промовира Пирло за нов стратег.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пирло воопшто нема тренерско искуство и ова му е прва работа што за него ќе биде голем предизвик. Ќе има прилика да се докаже на највисоко ниво, но доколку не се покаже тоа може скапо да го чини.

Италијанските медиуми најавуваат дека Пирло ќе направи големи промени во играчкиот кадар.  Од клубот се очекува заминување на: Даглас Коста, Бернардески, Данило, Кедира, Де Шиљо, Игуаин…За Матуиди вчера беше објавено дека постигнал договор со Интер Мајами.

Јувентус ќе остане и без Пјаниќ кој оди во Барселона, а на негово место доаѓа Артур. Исто така се највуваат уште засилувања во средниот ред, имиња кои сега се споменуваат се младиот Тонали и Иско од Реал Мадрид.

Медиумите на Апенините веќе најавуваат како би можел да изгледа Јувентус и во јавноста се појави еден состав во формација 4-3-3: Шчесни, Квардадо, Де Лихт, Бонучи, Сандро, Тонали, Артур, Иско, Кулушевски, Роналдо, Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …