Дома Фудбал Останато Италијанците брутални во исмејувањето: Ван Дијк не би бил ниту резерва во Јувентус!

Италијанците брутални во исмејувањето: Ван Дијк не би бил ниту резерва во Јувентус!

van dijk

Вкупно 85 милиони евра Ливерпул му плати на Саутемптон за Вирџил Ван Дијк кој со тоа стана најскапиот дефанзивец во историјата.

Меѓутоа, три дена после тоа, Ливерпул е распнат, од сите страни стигнуваат тврдења дека Холанѓанецот е преплатен, а во Италија веројатно беа најбрутални.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, според Италијаните сите дефанзивци на Јувентус вредат повеќе од Ван Дијк. Еден Даниеле Ругани кој е на маргините во „старата дама“ има само еден настап помалку од Ван Дијк, а е и три години помлад.

„Ако Ван Дијк вреди 85 милиони евра, колку тогаш вреди Бенатија за кој Јувентус на Баерн му плати 20 милиони евра“, се прашуваат италијанските новинари.

Јавноста во оваа држава тврдат дека Ван Дијк не би бил ниту резерва во Јувентус, а покрај Миранда и Скриниар би бил во втор план и во Интер, па и во Милан каде што предност би имале Бонучи и Ромањоли.

Во текстот на италијанските новинари не се зимаат предвид Киелни и Брзаљи кој имаат огромно искуство и преголема класа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…