Италијанските гиганти Јувентус и Интер водат битка за левиот бек на Ривер Плата, Марсело Сарачи.
19-годишниот уругвајски репрезентативец најверојтно од следната сезона ќе игра во Серија А, пренесуваат тамошните медиуми.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сарачи е Уругваец, кој потекнува од школата на Данубио, а од минатата година е член на аргентинскиот гигант Ривер Плата.
Скаутите на италијанските гиганти го следат веќе подолго време и се убедени дека Сарачи одлично ќе се вклопи во Серија А.
Интер веќе официјално стапил во контакт со неговиот менаџер, а се очекува истото да го направи и Јувентус во скоро време.