Дома Фудбал Италија Италијански новинар со шокантна најава: Конте ќе се врати во Јувентус?!

Италијански новинар со шокантна најава: Конте ќе се врати во Јувентус?!

Италијанските медиуми пренесуваат по малку шокантна вест во период кога на Јувентус му оди добро – Антонио Конте може да се врати на местото на Масимилијано Алегри!

Иван Зазарони, уредникот на „Кориере дело Спорт“, тврди дека Алегри сака промена и тоа би ја отворило вратата за враќање на Конте во Торино. Се шпекулира дека Конте би бил расположен да седне на клупата на својот поранешен клуб со кој освои три титули во Италија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Секогаш постои опција за враќање. Важно е да постои меѓусебно разбирање и идеја за напредок“, изјави неодамна Конте кога го прашаа за враќањето.

Негов близок пријател и поранешен напаѓач на Јувентус, Фабрицио Раванели верува во негово враќање.

„Сега си даде време да помине со семејството. Сигурно наскоро ќе се врати на работата. Не знам дали тоа ќе биде Јувентус, меѓутоа ќе се врати на тренерската работа“.

Медиумите пренесуваат дека директорот на Јувентус, Калво се сретнал со Конте во тренинг-центарот на клубот минатата недела.

„Се навикнав во Јувентус се секогаш да биде скриено и затворено. Ретко излегуваа работи од клубот, но тоа полека како да се менува. Како да постои желба, Јувентус намерно да направи бура околу Алегри. Ми изгледа како Алегри да се мачи да се пронајде во овој Јувентус, мислам дека ќе замине на крајот од сезоната“, објави новинарот Зазарони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Конте и Наполи се договорија

Како што пренесуваат италијанските медиуми Антонио Конте од следната сезона ќе седне на ко…