Дома Трансфер зона Италијански новинар открива каков договор постигнал Ибрахимовиќ со Милан

Италијански новинар открива каков договор постигнал Ибрахимовиќ со Милан

Според информации од Италија, Златан Ибрахимовиќ избрал нов клуб.

Шведскиот ветеран (38) го напушти Лос Анџелес Галакси и во јануари ќе се врати во европскиот фудбал. Како што сега стојат работите тој ќе се врати во Серија А.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ибрахимовиќ постигна 52 гола и имаше 17 асистенции во 53 натпревари за Галакси и сега изгледа ќе се врати во Милан.

Во разговор за „Спорт Медијасет“ новинарот Клаудио Раимонди истакна дека Ибрахимовиќ бара клуб каде што ќе може да има лидерска улога, но поставил и финансиски услов.

Швеѓанецот ќе бара 3.5 милиони евра годишно. Според тие услови сопствениците на Милан се спремни да му дадат договор на шест месеци со опција за продолжување на уште една година.

Наводно работата е скоро договорена и очекувањата се Ибра повторно да го гледаме во дресот на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …