Дома Трансфер зона Италијанските гиганти се „тепаат“ за новата ѕвезда на Салцбург

Италијанските гиганти се „тепаат“ за новата ѕвезда на Салцбург

Салцбург одигра одлична сезона и промовираше неколку млади таленти предводени од Ерлинг Халанд.

Друг фудбалер на австрискиот тим кој го привлече вниманието на многу европски гиганти е играчот за врска Доминик Собослај.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


19-годишниот унгарски репрезентативец важи за еден од најголемите таленти во Европа и може да игра на сите позиции во средниот ред, па веќе неколку клубови ја започнаа трката за неговиот потпис.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан, Лацио и Наполи ќе водат голема битка за неговиот потпис ова лето.

Собоцлај е голема желба на Ралф Рагник, кој најверојатно ќе биде нов тренер на „росонерите“ следната сезона. Од друга страна Лацио во него гледа идеална замена за Милинковиќ-Савиќ.

Цената на Собоцлај во моментов изнесува 25 милиони евра, а Милан е првиот клуб кој започнал преговори, па затоа важи за фаворит во трката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…