Дома Трансфер зона Италијанските гиганти се борат за потписот на Смолинг

Италијанските гиганти се борат за потписот на Смолинг

Крис Смолинг ова лето пристигна на „Олимпико“ како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед и со своите настапи ги воодушебви сите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рома сака да го откупи неговиот договор и веќе започна преговори со Манчестер Јунајтед, но на „волчицата“ воопшто нема да и биде лесно бидејќи за Смолинг интерес покажаа и други италијански гиганти.

Имено, Јувентус, Милан и Интер внимателно ја следат ситуацијата и се спремни да испратат понуди до Јунајтед за да го добијат потписот на Смолинг.

Рома за потписот на дефанзивецот понуди 15 милиони евра, понуда која „црвените ѓаволи“ ја одбија како ниска.

Останатите клубови се спремни да платат 20 милиони евра, па се очекува жестока „битка“ за потписот на англискиот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…