Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд сериозно размислува за својата иднина на „Олд Трафорд“, пренесуваат англиските медиуми.
Рашфорд се уште не донел конечна одлука за својата иднина, но сериозно размислува да ги напушти „црвените ѓаволи“ на крајот на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој има договор до 2023 година и веќе влезе во последната година од договорот, а се уште не ја продолжил соработката со „црвените ѓаволи“.
За него силен интерес покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус, кои наскоро ќе стапат во контакт со неговиот агент.
Наскоро агентот на Англичанецот ќе има средба со раководството на „црвените ѓаволи“ и Рашфорд ќе донесе конечна одлука за својата иднина.