Дома Фудбал Италија Италијанскиот репрезентативец по долги години го напушта Јувентус?!

Италијанскиот репрезентативец по долги години го напушта Јувентус?!

Според тврдењата на Спорт Италија, тандемот на Јувентус, Клаудио Маркизио и Мојс Кин би можел да се пресели во Ница.

Новиот тренер на клубот од Азурниот брег, Патрик Вијера не е заинтересиран само за талентираниот напаѓач, какви што беа првичните информации,туку и за искусен играч за врска.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Маркизио има проблем со повредите и сигурно е дека би оставил многу длабок траг во својот матичен клуб да не беа тие, сега има 32 години и се погласно зборува за неговото заминување од клубот.

Договорот му истекува за две сезони, а како што и самиот истакна не сака да игра ниту за еден друг клуб во Италија освен за Јувентус.

Ница е блиску до границата со Италија, па може да биде тоа фактор кој би пресудил.

Што се однесува до Кина, тој е интересен и за Борусија Дортмунд која преку неговиот менаџер, Мино Раиола воспоставија контакт со челниците на „Старата дама“ за да се отпочнат преговорите.

Ница во тој случај мора да биде поконкурентна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…